Apple може да побара од судот тројно повисока глоба за Samsung

21

Минатиот месец судот во Калифорнија ја казни со над една милијарда долари компанијата Samsung, прогласувајќи ја за виновна во патент спорот со Apple.
На 21 септември е закажано ново сослушување за случајот. Се тврди дека Apple ќе ја искористи оваа можност за да побара тројно зголемување на паричната казна, бидејќи според судската одлука, Samsung свесно ги копирала нејзините производи, особено iPhone и iPad. Ако барањето на Apple биде задоволено, санкцијата ќе надмине три милијарди долари. Паричната казна ќе зафати 14% од расположливите средства на Samsung.