Епл симнат од тронот: Кинезите повторно први на домашен терен

78

Во септември, Apple ја претстави новата серија iPhone 15, но на еден пазар тие не се снајдоа баш најдобро како што се надеваа.

Во прашање е Кина, каде што се проценува дека продажбата паднала за околу 4,5% во споредба со истиот период по лансирањето на серијата iPhone 14 минатата година.

Само по себе, ова можеби не е премногу интересно, но кога се комбинира со извештаите за успехот на Huawei Mate 60 Pro во Кина, дава интригантен резултат: iPhone повеќе не е најпопуларниот паметен телефон во Кина.

Две одделни аналитички фирми (Jeffries и Counterpoint) потврдуваат дека iPhone сега е на второто место, зад водечкиот Huawei, објави Bloomberg.

Оваа промена претставува единствена ситуација во која најновите телефони „Apple“ не успеаја да го освојат кинескиот пазар, додека Huawei истовремено се засили со моделот Mate 60 Pro.