„Ер Србија“ лидер во регионот – во август превезе околу 400.000 патници

84

Во текот на август, втор месец по ред, „Ер Србија“ успеа да превезе повеќе од 400.000 патници преку матичниот аеродром во Белград и аеродромите во Ниш и Краљево, а по бројот на летови домашната национална авиокомпанија е на прво место во регионот.

Компанијата остварува рекордни резултати по број на превезени патници уште од август од 2013 година, кога работи под сегашното име, соопшти „Ер Србија“.

Бројот на патници што летале со „Ер Србија“ е зголемен за 38 отсто во однос на истиот месец во 2021 година, додека е за два отсто поголем во споредба со бројот на превезени патници во август, пред пандемијата, во 2019 година.

Од компанијата наведуваат дека добри резултати се постигнати со чартер транспортот во кој се превезени речиси 90.000 патници, а покрај чартер летовите, силно раздвижување на дијаспората од Србија и регионот е забележано и во текот на август, што резултирало со зголемување на бројот на превезени патници на линиите за Западна Европа.

Сообраќајот во регионот во текот на август беше претежно насочен кон Тиват и Подгорица, потоа Љубљана и Скопје, нешто помал број летови се реализирани кон Хрватска и Босна и Херцеговина, а зголемен е бројот на превезени патници, во однос на истиот месец од претходната година и во Софија – 172 отсто и во Букурешт – 80 отсто.

Најголем пораст на бројот на патници забележал Рим до 290 отсто, потоа Милано со 224 отсто, Штутгарт со 208 отсто, Дизелдорф со 140 отсто и Лондон со 129 отсто.

Српската национална авиокомпанија проценува дека бројот на нејзините патници во август, слично како и во јули, ќе сочинува повеќе од 55 отсто од вкупниот број патници кои патувале преку белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

Директорот за комерцијална и стратегија на „Ер Србија“ Бошко Рупиќ истакна дека компанијата е на прво место во балканскиот регион кога станува збор за неделниот број на реализирани летови.

„Патниците ги препознаваат поволностите што ги нуди нашата мрежа на дестинации и бројните фреквенции во текот на летната сезона и продолжуваат да ни ја даваат довербата, за што сме исклучително благодарни. Убедени сме дека трендот на зголемување на бројот на патници на летовите на нашата компанија ќе продолжи и во наредниот период. Тоа нè мотивира да продолжиме да ја подобруваме понудата, проширувајќи ја на нови, атрактивни дестинации“, рече Рупиќ.

Летово националната авиокомпанија лета од дури 15 аеродроми во земјите од поранешна Југославија, што претходно беше случај само со претходникот, компанијата ЈАТ.

За „Ер Србија“, балканскиот регион, поврзувањето на балканските земји и мобилноста на нивните жители е од исклучителна важност, а соодветно на тоа, националната авиокомпанија активно учествуваше на неодамнешниот настан организиран во Белград како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.