ЕЦБ: Домаќинствата во еврозоната остануваат внимателни кога позајмуваат од банките

Домаќинствата во еврозоната продолжуваат да избегнуваат значително задолжување кај банките, е заклучокот од последниот извештај на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во јуни. Банкарските кредити за домаќинствата во еврозоната во јуни се зголемија за само 0,3 отсто на годишно ниво, што е исто како и во мај, соопшти ЕЦБ.

Вкупната вредност на кредитите на компаниите се зголеми за 0,7 отсто на годишно ниво, што е забрзано во однос на мајскиот раст од 0,3 отсто.

Кредитните податоци се клучни за креаторите на монетарната политика на Европската централна банка кои треба да одлучат за можното намалување на референтните каматни стапки во еврозоната. Европската централна банка во јули ја задржа каматната стапка на главното работење на 4,25 отсто, каматната стапка на депозитите на 3,75 отсто, а маргиналната каматна стапка на 4,50 отсто.

Следниот состанок на Европската централна банка посветен на монетарната политика и каматните стапки ќе се одржи во септември, пренесува Танјуг.