
Европската унија планира да го зголеми увозот на гас од земји како САД за да ги замени руските испораки, да го забрза проширувањето на обновливите извори на енергија и да ја намали севкупната зависност од фосилните горива, изјави европскиот комесар за енергетика Ден Јоргенсен.
ЕУ вети дека ќе се ослободи од руските фосилни горива до 2027 година поради војната во Украина, објави Ројтерс.
„Наместо да ги користиме парите на даночните обврзници, парите на граѓаните, за да плаќаме гас чии приходи одат во војната на рускиот претседател Владимир Путин, ние треба да се погрижиме да произведуваме сопствена енергија“, рече Јоргенсен, додавајќи дека Брисел подготвува промени во правилата за да ја забрза изградбата на обновливи извори на енергија.