ЕУ бара повисоки акцизи за бензинот

Европската унија бара од земјите-членки да воведат минимална акцизa од 0,359 евра по литар за бензин, објавија taxfoundation.org и SEEbiz.

Пазарот за дизел возила во ЕУ е во постојан пад, но тие сè уште сочинуваат речиси 10 проценти од новите регистрации на автомобили. Затоа некои европски потрошувачи се соочуваат со акцизи на дизел наместо на бензин.

Минималната акциза пропишана од ЕУ е малку пониска за дизелот и изнесува 0,330 евра по литар. Само Малта применува минимален данок на бензин, додека сите други земји од ЕУ наметнуваат значително повисока акциза. Малта има најнизок данок на бензин со минимум 0,359 евра по литар, по што следуваат Бугарија со 0,363 евра и Унгарија со 0,399 евра по литар.

Холандија има највисокa акциза на бензин во ЕУ – дури 0,789 евра по литар, по што следат Италија (0,713 евра) и Данска (0,711 евра), според податоците на AERS.