ЕУ е на прагот да воведе 10-ти пакет санкции против Русија: 59 лица, три големи банки и медиуми се на црната листа

29

Европската унија (ЕУ) е блиску до воведување на десеттиот пакет санкции против Русија, поради инвазијата на Украина, а се очекува дека денеска – доколку разликите во ставовите околу забраната за увоз на гумi и дијаманти од Русија се надминат – ќе се постигне конечен договор.

Ова го потврдија и дипломатите на земјите членки на ЕУ.

Сепак, потсетуваме дека една членка на ЕУ е особено против воведувањето на 10-тиот пакет, а тоа е Унгарија.

Како што рече Виктор Орбан, премиерот на таа земја, „санкциите наметнати од ЕУ кон Русија ја чинеа унгарската економија 10 милијарди евра, но тие не успеаја да го запрат конфликтот“.

Во врска со воведувањето на новиот пакет, понатаму се наведува дека на санкционираната листа треба да има физички и службени субјекти вмешани во илегалната депортација на околу 6.000 деца од Украина, пренесува Ројтерс.

Според агенцијата ТАСС, ова го вклучува 10-тиот пакет санкции:

ЕУ ќе стави на црната листа59 луѓе и 28 организации, вклучувајќи три банки.
Руски национален фонд за богатство, две медиумски холдинг компании, две осигурителни компании
Порталот исто така тврди дека ЕУ има намера да го блокира емитувањето на арапските сервиси РТ и Спутник на нејзина територија.

– Разговаравме за 10-тиот пакет санкции против Русија и ќе ја продолжиме дискусијата. Се надевам дека ќе дојдеме до договор – изјави полскиот амбасадор во ЕУ, Анджеј Садош, по средбата на амбасадорите на 27-те земји-членки на ЕУ во Брисел.