ЕУ формира нова агенција против перење пари

25

Европската унија планира да формира надзорно тело за да се спречи перењето пари поради неколку скандали со банките пред пандемијата. Органот за спречување перење пари (Anti-Money Laundering Authority – AMLA), новата агенција на ЕУ, ќе биде централното место на ажурираниот регулаторен систем кој вклучува национални власти, според нацрт документот на Европската комисија.

Перењето пари, финансирањето тероризам и организираниот криминал остануваат значајни прашања што треба да се решат на ниво на Унијата, објави EU Observer, повикувајќи се на Ројтерс, кој имаше пристап до нацрт документот на ЕК. AMLA треба да донесе оперативни одлуки за ризични компании.

Со директен надзор и донесување одлуки против некои од најризичните субјекти во прекуграничниот финансиски сектор, надлежниот орган (AMLA) директно ќе придонесе за спречување на перење пари и финансирање тероризам, се вели во нацртот.

AMLA исто така треба да ги следи националните регулатори за да бидат сигурни дека тие си ја вршат својата работа.

AMLA ќе ги координира националните надзорни тела и ќе им помогне да ја зголемат ефикасноста во спроведувањето на единствен правилник преку обезбедување хомогени и квалитетни супервизорски стандарди, пристапи и методологии за проценка на ризик, наведува ЕК. Земјите-членки на ЕУ ќе мораат да ги усогласат законите против перење пари за да може проектот да функционира.

Фото: Pixabay