ЕУ го решава конфликтот: 100 милиони евра компензација

19

Европската унија подготви 100 милиони евра компензација за земјоделците во земјите кои граничат со Украина.

Планира да воведе и ограничувања за увоз на украински житарки, објави Европската комисија.

Како што објави Ројтерс, притисокот врз ЕУ да го реши прашањето за падот на цените поради увозот на поевтини украински житарки на територијата на целиот блок се зголеми откако Полска и Унгарија воведоа забрани за увоз на одредени житарки од Украина во текот на викендот, и други источноевропски земји најавија слични мерки.

Европската комисија е одговорна за трговската политика на блокот, а како што наведува агенцијата, ги подготвува оние што во ЕК се нарекуваат „превентивни мерки“ за одредени категории житарки и растително масло, пред сѐ за пченица, пченка, семки од сончоглед и семе од репка.

Според правилата, Европската унија може да го ограничи увозот на производ во блокот или дел од него, а сепак да дозволи транзит.