ЕУ ќе оствари две од три климатски цели до крајот на годината

162

Откако во 2019-та година ја намали емисијата на штетни гасови за 4% и со очекуваните последици од пандемијата, Европската унија не само што би ги остварила, туку би ги надминала две од трите климатски цели поставени за оваа година.

Целите се дефинирани во 2007-ма, а се усвоени во 2009-та година, познати како “3 пати 20“: намалување на емисијата на штетни гасови за најмалку 20% во однос на  1990-та година; зголемување на уделот на обновливи извори на енергија во потрошувачката за 20% и зголемување на енергетската ефикасност за 20%.

Според извештајот на Европската агенција за околина, првата две цели ќе бидат остварени, а целта што се однесува на енергетската ефикасност нема.

Во текот на минатата година, емисијата на штетни гасови во ЕУ (без Велика Британија) се намали за 4%. Тоа беше вториот најголем пад на годишна основа, по 2009-та година, којашто ја одбележа големата економска криза.

Во исто време, според прелиминарните податоци, ЕУ минатата година оствари удел на обновливи извори на енергија во вкупната потрошувачка од 19,4%, што е блиску фо зацртаната цел од 20%.

Фото: Freepik