ЕУ одобри шокантни фотографии на 65% од површината на кутиите од цигари

39

cigariЕвропските пратеници вчера на пленарна седница го изгласаа предлогот за промени на директивите за тутун, врз основа на кој за крајниот текст ќе се разговара со земјите членки.

Европските пратеници до некаде го ублажија предлогот на Европската комисија. Парламентот го поддржа предлогот на кутиите од цигари да се ставаат шокантни фотографии за штетните последици од пушењето. Предупредувањето треба да биде на 65% од површина на кутијата, додека предлогот на ЕК беше 75%. Пратениците побараа транзициски период од осум години за забрана на цигарите со додаток на ментол, додека Комисијата бараше забрана веднаш, без преоден период. Од друга страна, цигарите со други вкусови треба да бидат забранети. Парламентот го одби предлогот на ЕК електронските цигари да се третираат како лек и да можат да се купуваат само во аптеки. Исто така не помина ниту предлогот да се забранат тенките (слим) цигари.

Основната цел на новите прописи за тутунски производи е да се одвратат младите од идејата да запалат цигара. Еврокомесарот за здравство Тонио Борг очекува во следните пет години бројот на пушачи да се намали за 2%.