
Претседателот на Трговската комора на ЕУ, Јенс Ескелунд, изјави дека иако Европа сака да ја намали својата зависност од увоз на ретки земни елементи од Кина, ситуацијата останува непроменета.
„И покрај сите дискусии, всушност не гледаме дека Европа станува помалку зависна од Кина“, рече Ескелунд во Пекинг, објави „Шпигел“.
Неодамнешно истражување покажа дека минатата година, 26 проценти од компаниите објавиле дека се селат од Кина или отвораат второ седиште во странство, двојно повеќе од оние што ги преместуваат своите синџири на снабдување во Кина.











