ЕУ: Парите од пандемијата пренасочени кон увоз на течен природен гас

97

На членките на ЕУ ќе им биде дозволено да користат пари од Фондот за закрепнување од пандемијата на коронавирус за изградба на инфраструктура потребна за увоз и користење на течен природен гас (ЛНГ), изјави  европскиот економски комесар Паоло Џентилони.

ЕУ има намера да изгради нова инфраструктура на нејзина територија која ќе може да го поддржи увозот на големи количини течен природен гас, наведува „Ројтерс“.

Од почетокот на конфликтот во Украина, земјите од ЕУ се обидуваат да ја намалат зависноста од увозот на руски гас.