ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

20

Советот на Европската унија ја усвои рамката на новиот режим на санкции против Русија. Овие мерки беа преземени како одговор на „руските дестабилизирачки активности во странство“ и „континуираната кампања на хибридни активности на Руската Федерација на европска територија“, се вели во соопштението на веб-страницата на организацијата.

Советот на ЕУ посочува дека сега унијата ќе може да се соочи со хибридните закани од Русија. Според Советот на ЕУ, станува збор за поткопување на изборните процеси и функционирањето на демократските институции, закани и саботажа на економска активност, услуги од општ интерес или критична инфраструктура, манипулација со податоци од странство, злонамерни сајбер активности, насочување на мигрантските текови и друго, пренесува Комерсант.

Според документот, новиот режим ќе овозможи санкционирање на физички и правни лица кои учествуваат во такви активности и политики на руската влада. Имотот на тие лица ќе биде замрзнат, а на граѓаните и компаниите на ЕУ ќе им биде забрането да им обезбедуваат финансиски средства.

Последниот, 14-ти пакет антируски санкции беше усвоен од ЕУ во јуни. Овој пакет вклучуваше, меѓу другото, забрана за препродажба на руски течен природен гас (ТНГ) во ЕУ и транспорт на нафта од Русија.

По тој повод, ЕУ воведе и забрана за европските банки надвор од Русија да го користат системот за финансиски пораки SPFS (Систем за финансиски пораки), руски еквивалент на SWIFT.