ЕУ размислува за забрана на летови со приватни авиони

83

Францускиот министер за транспорт Клемен Бон изјави дека е подготвен да стави забрана за летови со приватни авиони на дневен ред на состанокот на европските министри за транспорт во октомври, по објавувањето шокантни податоци за количината на штетни гасови што ги испуштаат авионите на француските богат.

Бон, поранешен француски министер за европски прашања, изјави дека ЕУ мора да дејствува обединето за да се осигура дека истите правила важат за сите и нивното влијание да биде максимално, пренесува Euractiv. Ако целосната забрана не е опција, Бон рече дека е подготвен да „дејствува и да ги регулира летовите со приватни авиони“.

Минатата недела беше откриено дека приватен авион на холдинг компанијата Bollore Group извршил три лета во ист ден, испуштајќи 22 тони јаглерод диоксид во атмосферата. Ова е износот што одговара на просечните емисии на автомобили во текот на 10 години. Францускиот национален секретар на Зелените Жулиен Бају најави дека владата сака одговор од ЕУ.

Бају рече дека е време да се „забранат сите приватни авиони“. Тој посочи дека забраната ќе има влијание врз многу мал број луѓе, со огромни еколошки придобивки.

Тој оцени дека владата не може да бара од граѓаните да се потрудат, ако богатите се ослободени од се, а неоданочувањето на компаниите кои остваруваат огромни профити од енергетската криза испраќа јасна порака „неказнување на најбогатите“.

Официјалната цел на ЕУ е да ги намали емисиите на штетни гасови за 55 проценти до 2030 година, според планот „Fit for 55“. ЕУ, исто така, ќе разгледа помалку рестриктивни опции, како што е објавување на сите летови на приватни авиони, со цел информациите да бидат достапни за јавноста.