ЕУ стравува од заминување на инвеститорите

107

Протекционистичките мерки на САД, кои ќе стапат на сила од 1 јануари, во рамките на развојот на зелените технологии, може да доведат и до еден вид трговска војна со Европската унија.

Во ЕУ постои загриженост за пакетот субвенции и даночни олеснувања во вредност од 369 милијарди долари за поддршка на зелениот бизнис во САД, поради што ЕУ стравува дека ќе ги поттикне компаниите да ги префрлат инвестициите од Европа во САД, пренесува Politico.

Поддршката на САД за домашните зелени технологии може да им наштети на Германија и Франција, бидејќи ќе ги поттикне американските купувачи да купуваат домашни, а не европски електрични автомобили. Според потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис, американскиот закон содржи „голем број нефер одредби, кои ги прекршуваат правилата на меѓународната трговија“.