ЕУ воведе исклучоци: Нафтата не е руска ако се измени во трета земја

40

Ова се наведува во објаснувањето на Европската комисија објавено на нејзиниот официјален сајт.

„Ако руски нафтен производ се преработува во трета земја со мешање на производ од друга земја, што резултира со поинаков производ, тогаш рускиот нафтен производ повеќе не се смета за производ од руско потекло и горната цена не се применува“, се наведува во соопштението.

„Ако овие производи (произведени од руска нафта) суштински се изменети во трета земја, тие повеќе не се сметаат за производи од руско потекло и ограничувањето на цените не се применува“, се објаснува во текстот.

Советот на ЕУ донесе одлука на 4 февруари за воведување горна граница на цените. За руските нафтени деривати беа поставени две нивоа на цени: едно на 45 долари по барел за нафтените деривати кои се продаваат со попуст на сирова нафта (мазут, нафта), другото на 100 долари по барел за нафтените деривати кои се продаваат по повисока цена од сировата нафта (дизел и керозин).

Фото: Pixabay