Еве како луѓето ќе ве сфатат сериозно

25

biznis

Фото: Pexels

Девет докажани начини на однесување кои треба да ги применувате доколку сакате луѓето сериозно да ве сфатат.

Бидете активен слушач

Луѓето сакаат да зборуваат за своите искуства, па дозволете им го тоа. Така ќе се почувствуваат поблиски со вас и полесно ќе формираат социјално здрава врска.

“Скоцкајте се”

Совршеното тело, лице, коса или дизајнерската облека не вршат толку голема улога како начинот на кој сте ги искомбинирале парчињата облека со фризурата, шминката и ситните додатоци на вашиот стајлинг.

Совршено ракување

Контакт со очи, цврсто стегната рака (но не премногу), правилен наслон на лактот, дискретна насмевка. Доколку оној со кој се ракувате ја затресе вашата рака, срдечно возвратете.

Правилно држење на телото

Начинот на стоење и седење играат голема улога во тоа како се чувствувате, како се презентирате себе си пред луѓето и како другите ве доживуваат. Затоа држете го телото исправено, рамениците наназад и главата горе.

Бидете информирани

Читајте и информирајте се што се случува во светот. Особено бидете во тек со случувањата во вашата индустрија, технологијата и културата.

Темелна подготвеност

Доколку сакате вашите идеи да бидат земени во предвид треба да имате длабоки познавање од вашата област, навистина да го знаете тоа што го работите и да бидете подобри од конкуренцијата.

Кажувајте приказни од реалниот живот

Најуспешните презентации се состојат од 65% реални приказни, 25% фигури и бројки, а остатокот отпаѓа на објаснувања за вашиот кредибилитет.

Внимавајте на тонот

Не ги завршувајте речениците со висок тон. Започнете со повисок тон, но намалете го на крајот на реченицата. Во спротивно ќе звучите несигурно.

Бидете самоуверени и скромни

Треба да имате доволно самодоверба за да уживате почит од останатите, но исторемено доволна скромност и знаење дека имате уште многу да учите.