Еве по што се разликуваат лидерите од менаџерите

34

menager-1-pixabay

Фото: Pixabay

Често пати се поставува прашањето што е лидер, а што менаџер. Која е разликата меѓу нив и дали лидер и менаџер се всушност едно исто?

Кога би се обиделе да најдеме наједноставен одговор, основната разлика помеѓу лидерот и менаџерот би била во начинот на кој ги мотивираат луѓето да работат.

Од неа произлегуваат и другите разлики кои сумирано изгледаат вака:

Менаџерите реагираат на промени. Лидерите ги создаваат.

Менаџерите имаат вработени. Лидерите освојуваат следбеници.

Менаџерите имаат добри идеи. Лидерите ги имплементираат.

Менаџерите комуницираат. Лидерите убедуваат.

Менаџерите раководат со групи. Лидерите создаваат тимови.

Менаџерите се обидуваат да бидат херои. Лидерите прават херои од сите што ги опкружуваат.

Менџерите си ги препишуваат заслугите. Лидерите ги преземаат одговорностите.

Менаџерите контролираат и решаваат проблеми. Лидерите мотивираат и инспирираат.

Менџерите се фокусирани. Лидерите создаваат заеднички фокус.

Менаџерите практикуваат моќ над луѓето. Лидерите ја развиваат моќта кај луѓето.