Еве што не смеете да кажете за вас на работното место

29

usta

Фото: Pexels

За да постигнете деловен успех треба да се отворени со колегите и претпоставените. Но, истовремено треба многу да внимавате што ќе кажете и споделите со нив, дури и со оние кои ги сметате за најблиски.

Пред да биде предоцна, еве кои нешта не смеат да бидат кажани на работното место.

Дека ја мразите вашата работа

Ако зборувате наоколу дека го мразите тоа што го работите, добивате негативни поени кај вашите колеги, а доколку таа информација дојде кај претпоставените, има големи шанси да ја загубите работата.

Да кажете за некого дека е некомпетентен

На секое работно место има луѓе кои не ја завршуваат работата како што треба. Тоа не значи дека треба да покажувате со прст и да ставате етикети. Секој треба да си ја гледа својата работа, во спротивно ќе бидете оценети како некој кој со очајни средства сака себе си да се покаже во подобро светло.

Да зборувате за вашите политички и религиски убедувања

Работното место не е наменето за изнесување на политички и верски убедувања. Таквите теми често водат до расправии и разно разни докажувања, па затоа додека сте на работа, концентрирајте се на задачите кои треба да ги завршите до крајот на денот.

Да кажете колку заработувате

Не паѓајте во искушение да ја споделите оваа информација. Штом кажете некому колку заработувате, секој ваш понатамошен чекор ќе биде споредуван со таа цифра и постојано ќе бидете мета на споредби.

Дека сакате нечие друго работно место

Доколку сте дел од тим, ваквата објава би била крајно себична и некоректна. Добрите работници сакаат цел тим успее и не се водат само од своите лични интереси.

Дека барате нова работа

Се додека не најдете нова работа, во ниеден момент не смеете да кажете дека барате, колку и да ви е близок/блиска колегата/колешката. Во спротивно може да останете и без таа работа што веќе ја имате.