Еве што не смеете да направите кога барате зголемување на платата

28

pari

Фото: Pixabay

Секој вработен би сакал да добие поголема плата. Но, пред да му го кажете тоа на вашиот шеф, погледнете што не треба да направите и што не смеете да кажете кога барате зголемување на примањата.

Да му се заканувате на шефот дека ќе дадете отказ

Воопшто не е паметно да спомнувате дека е можно да си одите од компанијата доколку не добиете поголема плата. Ниеден претпоставен не сака тоа да го чуе.

Да спомнете дека колегата/колешката заработува повеќе од вас

Вашиот шеф нема да ви ја зголеми платата на сметка на работата на другите во компанијата.

Да побарате зголемување на платата на состанок за нешто сосема друго

Веќе се зборува на одредена тема која е цел на состанокот и би било многу неумесно доколку тогаш спомнете дека сакате големување на платата.

Да му кажете на шефот “Го работам истото што и вие, треба да заработувам колку вас”

Тој/Таа е шеф, а вие сте вработен. Во ниеден момент не смеете да се споредувате со вашиот претпоставен, а најмалку кога станува збор за вакво чувствително прашање.

Да се жалите

Вашите лични проблеми не треба да ги мешате со вашиот перформанс на работното место. Доколку добиете зголемување на платата тоа ќе биде за вашите заслуги во компанијата, а не за да ги средите домашните проблеми.

Да барате многу повеќе

Не очекувајте дека одеднаш ќе добиете значително поголема плата од таа што веќе ја имате. Кога барате зголемување, тоа треба да биде во одредени граници на можностите и функционирањето на компанијата.

Да барате зголемување на платата додека добивате критика

Не сте одговориле добро на претходната задача и повикани сте тоа да ви се соопшти. Во никој случај не го користете моментот да барате зголемување на платата. Наместо тоа следниот пат бидете подобри од очекуваното.