Еве што планираат руските банки по масакрот во Москва!

56

Руските банки се подготвени да ги отпишат сите долгови кон семејствата на загинатите и повредените во терористичкиот напад во салата Крокус во Подмосковље, објавија  руските медиуми.

Сбербанк потврди дека има програма за поддршка на корисниците во итни ситуации.

„Веќе ги анализираме информациите за заемите на загинатите и повредените во терористичкиот напад на 22 март 2024 година. Нивните заеми ќе бидат подмирени“, објави најголемата руска банка, пренесува Интерфакс.

ВТБ банка вети и отпис на сите долгови на загинатите и повредените во терористичкиот напад.

Алфа банка, Совкомбанка, Хоум банка (ХЦФ банка) и Тинкоф банка исто така планираат да ги отпишат долговите на сите жртви на терористичкиот напад и нивните најблиски.

Според официјалните податоци на Рускиот истражен комитет, во петочниот терористички напад во салата Крокус во Подмосковље загинале 143 лица, а повеќе од 100 се ранети.