Еве зошто не ја добивте работата, иако стигнавте до последниот “круг“

19

Фото: Pexels

Барањето работа е напорно, особено ако поминувате неколку кругови на интервјуа и тестови, а потоа наеднаш во последниот селективен круг ве одбиваат. На ова може да влијаат различни фактори, и не секогаш проблемот е во вас. Токму затоа потрудете се од ваквите искуства да научите нешто ново што ќе ви го загарантира работното место веќе на следниот разговор.

Ова се четирите причини заради кои вам не ви е понудена работата во последниот круг:

Бевте одлични, но некој сепак бил подобар од вас

Повторно стигнувате до последниот круг, но сепак ве одбиваат. Можеби навистина сте биле одлични на сите тестови, дури и на разговорот, но во поледниот круг на интервјуто конкуренцијата е најголема и обично деталите се тие кои одлучуваат. Едноставно честитајте си себе си што воопшто стигнавте и до таму.

Не сте се позиционирале правилно

Размислувајте за деловното интервју како за пазарот. Морате да ја убедите компанијата зошто баш вас да ве “купи“. Интервјуто не е време да бидете скромни, туку гордо да се промовирате.

Не сте биле квалификувани

Можеби не е во прашање потполната квалификација за таа работа, туку дека едноставно не сте имале доволно знаење и вештини за одредената позиција. Затоа неколку пати проверете за која работа, односно за кои позиции се пријавувате.

Резимето не ви е доволно добро

Резимето е првата “слика“ што работодавачот ја добива за вас. Во него треба да стојат сите ваши предности, умеења и знаења… Едноставно, резимето треба да “работи“ за вас.