EverCam – безжична безбедносна камера што се мести било каде

58

EverCam е безбедносна камера што може да се постави на било која површина, надвор или внатре во домот, канцеларијата, односно онаму каде што има потреба.

Секоја рамна површина е погодно место за прикачување за помалку од секунда. EverCam има батерија што трае 365 денови во годината, а доколку е во Standby Mode трае до три години.

Го снима секој агол и алармира само доколку детектира непознато, односно нерегистрирано лице во базата на податоци. Камерата ги препознава и филтрира сите претхнодно внесени податоци и “реагира“ само по потреба.

EverCam снима видеа коишто потоа корисникот може да ги погледне на својот смартфон преку micro SD картичка. Камерата е водоотпорна и работи на секакви временски услови, а вградениот микрофон и звучник овозможуваат контакт со лица преку паметен телефон.

Производот е дело на старт-ап од Сиетл, Вашингтон и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 577.526 долари од побараните 50.000, а преостануваат уште 59 денови.

Првите испораки се очекуваат во септември.