Еврокомесарот за енергетика: ЕУ ќе објави одговор на енергетската криза

55

Следните чекори на Европската унија за решавање на влошената енергетска криза на континентот по рускиот напад врз Украина се очекува да бидат објавени следната недела, изјави денеска европскиот комесар за енергетика Кадри Симсон.

Во интервју за АП, таа рече дека во петок во Брисел ќе се одржи вонреден состанок на министрите за енергетика на Европската унија, на кој ќе разговараат за пакет решенија за скокови на цените на пазарот на електрична енергија во европскиот блок.

Ова може да вклучи привремено ограничување на цената на гасот што се користи за производство на електрична енергија, промени во правилата за тргување на енергетската берза и координирани мерки за намалување на побарувачката, како оние што беа забележани во текот на летото.