Европа планира брзи возови до сите европски градови

91

Европа сака да го намали бројот на патувања со авион и да ги замени авионите со брзи возови. Раководителите во железничката индустрија се состанаа во Лион, Франција на 29 јуни за да разговараат за потенцијалното проширување на нивните железнички системи. Нивната сегашна визија вклучува удвојување на користењето на железничкиот транспорт до 2030 година и тројно зголемување до 2050 година. Крајната цел е  овие возови  да ги поврзат сите големи градови.

Иако во Европа веќе има неколку брзи возови, изградбата на дополнителната инфраструктура низ континентот ќе биде полесно да се договори отколку да се направи. Освен што се работи за исклучително амбициозен и скап проект, сериозна пречка ќе биде и бирократијата. Бидејќи железницата ќе ги минува границите на државите, ќе треба да се надминат различни прописи за да се реализира проектот. Исто така, се смета дека ковидот има сериозно влијание врз продажбата на железнички билети, при што бројот на патници достигна рекордно ниско ниво.

И покрај ова, интегрирањето на брзите возови низ Европа изгледа како корисен почеток. Придобивките се двојни – луѓето не само што ќе имаат полесен пристап до остатокот од Европа, туку тоа ќе биде и исклучително корисно од еколошка гледна точка. Емисиите на јаглерод диоксид од авионите се значително повисоки отколку од возовите. Во заеднички извештај на еколошките организации од Германија, Полска, Шпанија и Франција се наведува дека летот Париз-Берлин создава најмалку шест пати повеќе емисии на јаглерод отколку патувањето со воз на исто растојание. Доколку до 2050 година бројот на возови е тројно зголемен, ова ќе биде огромен чекор кон остварување на целите на „Зелениот договор“ на ЕУ, со кој е поставена високата цел до 2050 година континентот да стане јаглеродно неутрален.

Плановите на ЕУ за брзи возови имаат ветувачки почеток, со националните железнички линии како Париз-Лион, Милано-Рим, Барселона-Мадрид и Берлин-Минхен кои обезбедуваат брзи и еколошки начини за превоз на патници од еден голем град до друг. Има и неколку ветувачки примери за меѓудржавни железници, како што се тунелот под Ла Манш и трасата Талис. Основниот тунел „Бренер“, кој треба да биде отворен во 2032 година, ќе ги поврзува Инсбрук, Австрија и Форца. Ова ќе биде прекрасен пример за железница која дава само придобивки, бидејќи железницата не само што ќе биде поеколошка од летање, туку и ќе го намали времето на патување до 70 минути во споредба со летањето. Различни европски земји исто така работат на изградба на повеќе железнички линии за поврзување на нивните големи градови.

Ако се обезбедат брзи возови кои се поекономични, поодржливи и побрзи од летовите, тоа ќе биде голема победа за железничкиот транспорт како целина. Парите, бирократијата и другите логистички проблеми, сепак, можат значително да го забават процесот. Ако сите овие фактори се спојат, може да испадне дека сме сведоци на нова иднина на меѓудржавно патување.