Европа сè уште е зависна: ЕУ купува повеќе од половина од рускиот течен природен гас

Во периодот од декември 2022 година до крајот на јули 2025 година, Европската Унија купи повеќе од половина од вкупниот извоз на течен природен гас од Русија (51 процент), што ги доведува во прашање најавите на европските претставници дека целосно ќе престанат да увезуваат течен природен гас од Русија до крајот на 2027 година.

Најголеми увозници на руски течен природен гас во Европската Унија беа Франција, Шпанија и Холандија.

Според Центарот за истражување на енергијата и чистиот воздух (CREA), втор најголем купувач на руски течен природен гас во споменатиот период била Кина со удел од 21 процент, а трета Јапонија со 18 проценти.

Покрај тоа, три години по почетокот на војната во Украина, Европската Унија е сè уште најголемиот купувач на руски гас преку цевководи, со удел од 36 проценти. Кина е повторно на второ место со 30 проценти, а Турција е трета со 30 проценти.

Во првите шест месеци од 2025 година, вредноста на извозот на руски течен природен гас во Европската Унија се зголеми од 3,47 милијарди евра на 4,48 милијарди евра, што покажува дека политиката за намалување на зависноста продолжува да заостанува зад економската реалност.

Проблемот не е само политиката, туку и инфраструктурата – многу земји немаат доволно терминали и цевководи за брзо да го префрлат снабдувањето на други извори.
Прашањето е дали европските мерки се контрадикторни, дали се одраз на економската реалност или укажуваат на двојни стандарди, заклучува американската медиумска куќа.