Европа увезла 8 пати повеќе јаглен од Јужна Африка

Продажбата на јужноафрикански јаглен за Европа се зголеми за осум пати во првите шест месеци од 2022 година во споредба со истиот период минатата година, при што побарувачката за гориво се зајакна уште пред забраната за увоз на рускиот јаглен, соопшти компанијата Thungela Resources, цитирана од Ројтерс.

Во април, Европската унија објави забрана за увоз на јаглен од Русија како дел од санкциите по нејзината инвазија на Украина. Забраната стапи на сила на 10 август.

Пред забраната, европските земји, кои дотогаш увезуваа 45 отсто од својот јаглен од Русија и кои преминаа од скап природен гас на јаглен, почнаа да го снабдуваат ова гориво од други земји, вклучувајќи ја и Јужна Африка.

Thungela, еден од главните извозници на јаглен од Јужна Африка и член на конзорциум кој поседува еден од најголемите капацитети за извоз на јаглен во Африка – Richards Bay Coal Terminal  – RBCT, изјави дека Европа е во конкуренција со Азија за јужноафриканскиот јаглен.

Извозот на јаглен на RBCT во Европа се зголеми за околу 720 отсто, од половина милион тони во првите шест месеци од 2021 година на 4,1 милиони тони во првите шест месеци од оваа година, рече Дион Смит, финансиски директор на Thungela, за време на конференција со инвеститорите. Во исто време, извозот во Азија е намален за 17 отсто во споредба со првите шест месеци од 2021 година, додаде тој, истакнувајќи дека јагленот има приоритет во карго транспортот за разлика од австралискиот и јужноамериканскиот јаглен.

Според податоците на Ројтерс, европските земји, особено Холандија, Германија, Полска, Данска, Франција, Италија и Украина, од јуни увезуваат зголемени количини јаглен од Јужна Африка.