
Испораките на нафта од САД во Европа достигнаа рекордни 2,1 милиони барели дневно во март, според податоците на Reuters.
Извозот е поддржан од слабата побарувачка од американските рафинери и пониската цена на американската лесна сурова нафта (WTI) во споредба со Брент на пазарите. Податоците ја зајакнуваат улогата на САД во однос на снабдувањето со енергија за Европа од почетокот на војната во Украина.
Многу американски рафинерии се затворени поради планираните поправки и надградби во првите месеци од годината, соопшти агенцијата. Тоа влијаеше на цената на WTI, а во исто време цената на типот Брент беше поддржана од проблемите околу нафтата од норвешкото поле Јохан Свердруп, како и недостатокот на руска нафта на европскиот пазар.
Фото: Pixabay











