Европа заостанува зад САД поради пониската продуктивност и пониските инвестиции

14

Европа економски заостанува зад САД поради помалата продуктивност и помалите инвестиции, особено во новите технологии, изјави Пјеро Циполоне, член на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ).

„Нашата главна грижа е продуктивноста. Во последните 30 години, зголемувањето на часовната продуктивност во еврозоната е половина од онаа на САД“, рече Циполоне во интервју за француски „Монд“.

Според него, Европа не успеа да поттикне појава на компании кои се доволно големи за да бидат конкурентни на глобално ниво и не ја користи најдобро својата клучна предност – единствениот европски пазар.