Европејците не ги менуваат навиките: Ова е сè уште најпродаваниот автомобил на пазарот

Според последните податоци, Dacia Sandero беше најпродаваниот автомобил во Европа во февруари оваа година. Citroën C3 го зазеде второто место во изборот на клиентите, додека Renault Clio исто така заврши на подиумот по потпросечните перформанси во јануари.

Dacia Sandero ја заврши 2024 година на најдобар можен начин – како најпродаван автомобил во Европа. Моделот на романскиот производител ја започна 2025 година со исто темпо, пренесува Индекс.

Хечбекот на Dacia го заврши јануари на прво место според преференциите на клиентите на европскиот пазар, а во февруари ја задржа водечката позиција, пишува романски Profit.ro. Со продадени 20.832 единици во вториот месец од 2025 година, тоа претставува зголемување од 3,5 отсто во споредба со истиот месец во 2024 година.

Топ 10 најпродавани модели – февруари 2025 година.

Dacia Sandero

Citroen C3

Renault Clio

Volkswagen Golf

Peugeot 208

Volkswagen Tiguan

Dacia Duster

Volkswagen T-Roc

Toyota Yaris Cross

Peugeot 2008