
Потрошувачите во еврозоната очекуваат побавен раст на инфлацијата, како и на личниот доход, покажа денеска објавеното истражување на Европската централна банка (ЕЦБ) за јануари.
Граѓаните на еврозоната очекуваат просечната инфлација да биде 2,6 отсто во следните 12 месеци и дека нивниот номинален приход ќе порасне за 0,9 отсто во истиот период, значително побавно од стапката на инфлација.
Инфлациските очекувања се намалени во однос на декември кога беа 2,8 отсто, а тогаш испитаниците беа пооптимисти за растот на номиналниот доход, очекувајќи раст од 1,1 отсто.