
Инфлацијата во еврозоната ќе падне под два проценти следната година поради американските царини, според пролетната прогноза на Европската комисија (ЕК) објавена денес.
Се предвидува дека просечниот раст на потрошувачките цени ќе изнесува 1,7 проценти во текот на 2026 година, додека во текот на оваа година инфлацијата веќе ќе го достигне посакуваниот праг на Европската централна банка (ЕЦБ) од два проценти.
Европската комисија ги посочува пониските трошоци за енергија, пренасочувањето на кинеските стоки кон европскиот пазар и зајакнувањето на еврото како главни причини за очекуваниот побавен раст на цените, сите тие ги оцени како фактори со „јасно негативни“ ефекти врз инфлаторните притисоци, објавува „Блумберг“.