Европска земја има извоз од 17.900 долари по глава жител

37

Чешка минатата година извезе производи во вредност од 191,7 милијарди долари, што е 3,9% помалку во споредба со 2019 година.

Согласно податоците на World’s top exports, 77,6% од извозот на Чешка беше насочен кон: Германија (32,6%), Словачка (7,6%), Полска (6,2%), Франција (4,7%), Австрија (4,2%), Холандија (4,1%), Велика Британија (4%), Италија (3,9%), Унгарија (3,3%), Шпанија (2,6%), САД (2,3%) и Русија (2,2%).

Чешка има 10,7 милиони жители, па од вкупниот извоз отпаѓаат по 17.900 долари по глава жител.

Најголем удел од 20% во вкупниот извоз влегуваат компјутерите од коишто земјата инкасираше 38,4 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозни производи влегуваат: електрична опрема со 36,8 милијарди долари, возила со 36,7 милијарди долари, пластични производи со 6,5 милијарди долари и производи од железо или челик со 6,3 милијарди долари.

Фото: Pexels