Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) избра мотиви за две можни теми за идните банкноти на еврото. Првата е „Европска култура: Заеднички културни простори“, која става акцент на заедничките културни простори и познатите Европејци. Втората е „Реки и птици: Различноста значи издржливост“, со што се нагласува одржливоста и различноста во природата. Годинава ќе биде објавен конкурс за дизајн на кој ќе можат да се пријават дизајнери од целата Европска Унија.
Како што информираат од Хрватската народна банка (ХНБ), одлуката ги земала предвид предлозите на две мултидисциплинарни советодавни групи со членови од целата еврозона. Изборот на темите произлегоа од изнесените мислења на повеќе од 365.000 Европејци кои учествувале во јавните анкети.
– Воодушевени сме што можеме да претставиме мотиви од реалниот живот кои ја покажуваат нашата посветеност на Европа и го славиме нејзиното културно наследство и природната средина. Новите банкноти ќе го симболизираат нашиот заеднички европски идентитет и различноста што нè прави посилни, изјави Кристин Лагард претседателката на ЕЦБ.
Следни чекори
Оваа година, ЕЦБ ќе назначи жири и ќе објави конкурс за дизајн, кој ќе биде отворен за дизајнери од цела Европска унија. Ќе продолжи да ја вклучува јавноста и експертите за да се осигура дека избраните дизајнерски решенија се препознатливи за Европејците од сите возрасти. Во 2026 година, од јавноста ќе биде побарано да ги оцени решенијата за дизајнирање кои влегоа во потесниот круг, според CNB.
Се очекува Управниот совет да донесе конечна одлука за дизајнот во 2026 година. Новите банкноти ќе бидат подготвени за оптек неколку години по конечната одлука за дизајнот и по производството, заклучува CNB.