Европската комисија планира заедничка набавка на гас напролет

64

Европската комисија сака земјите од ЕУ да почнат заедно да купуваат гас пред летото, во обид да го избегнат недостигот на снабдување следната зима.

Ова го изјави потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ.

„Работиме на густ распоред за да се подготвиме навреме за следната зима и сезоната за полнење складишта“, рече Шефчовиќ, по првиот состанок на претставниците за координација на планираните набавки на земјите од ЕУ, каде што ги повика земјите-членки да се вклучат во пазарот на гас во нивните земји со цел да се процени количеството гас што ќе го купат заедно, пренесува Ројтерс.

Тој побара од земјите-членки да потврдат дали се заинтересирани да се приклучат на заедничката шема за купување гас на ЕУ, потег за кој Европската комисија се надева дека ќе и помогне на Европа да ги наполни складиштата.

Комисијата сака да ја објави количината на гас што европските земји планираат заедно да ја купат напролет, за да привлечат понуди од добавувачите.

Земјите на ЕУ мора да се погрижат нивните локални компании да учествуваат во купувањето гас во волумени од 15 отсто од гасот потребен за полнење на складиштето на таа земја до 90 отсто капацитет.

Низ ЕУ, барањата од 15 проценти изнесуваат околу 13 милијарди кубни метри гас, според податоците на Евростат.