Европската комисија предлага две ценовни ограничувања за руските нафтени деривати

72

Европската комисија предлага ЕУ да ги ограничи цените на поскапите руски нафтени деривати на 100 долари, а поевтините на 45 долари за барел.

Двете ценовни ограничувања беа објавени пред две недели поради разликата во цената на дериватите во однос на цената на нафтата, според неименуван претставник на Г7 во средината на јануари.

На почетокот на декември, Г7 и нејзините сојузници ја ограничија цената на руската нафта на 60 долари, заканувајќи им се на осигурениците и превозниците со санкции доколку превезат поскапи руски барели.

Нивната цел, како што наведоа, е да ги ограничат руските приходи за финансирање на војната во Украина.

Планот за ограничување на цената на дериватите е нешто покомплексен бидејќи ги има многу и затоа што нивната цена често зависи од тоа каде се купени, а не од каде се произведуваат, рече тогаш функционерот, кој сакаше да остане анонимен.

Така, на пример, дизелот и керозинот се продаваат по повисока цена од суровата нафта, а нафтата за греење по пониска цена, го образложи разгледувањето на двете ценовни ограничувања.

ЕК сега предложи цената на поскапите деривати, како што е дизелот, да се ограничи на 100 долари, а на поевтините, како што е мазутот, на 45 долари за барел.