Европски aеродром речиси го достигна бројот на патници од 2019 година

57

Бројот на патници на аеродромот во Виена речиси го достигна нивото од септември 2019 година, што е завиден успех, бидејќи воздухопловната индустрија имаше турбулентен период зад себе.

Во текот на летото немаше недостиг од патници и на другите аеродроми, желни за повторно летање, но проблемот настана поради недостигот на работна сила – пред сè пилоти.

Во септември 2022 година, аеродромот во Виена забележа 2,65 милиони патници, што е за 68 отсто повеќе во однос на истиот период од претходната година. Во споредба со септември 2019 година, пред пандемијата на Ковид-19, остварен е 89 отсто од тогашниот промет.

Во четирите летни месеци – од јуни до септември – бројот на патници изнесува 10,59 милиони, што е 86 отсто од сообраќајот од 2019 година, се вели во соопштението.