
Главните европски индекси денеска се во пад – индексот на франкфуртската берза DAX падна на 15.846,25 во 10:00 часот, како и францускиот CAC 40 – на 7.169,08, а лондонскиот FTSE 100 – на 7.495,00
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта изутрината паднала на 68.964 долари, исто како и на нафтата од типот брент, на 73.204 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 25.500 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 1.956,31 долари за унца, а пченицата се продаваше за околу 58.304 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,06740, што е приближно исто ниво како вчера.