Европските берзански индекси денеска растат, цените на нафтата и пченицата паѓаат, додека цената на гасот на европската берза ТТФ порасна на 50 евра за мегават-час.
Пазарите ги анализираат првите потези на американскиот претседател Доналд Трамп и ги очекуваат пораките од третиот ден на Светскиот економски форум во Давос.
На првиот ден на функцијата, Трамп избегна да ги зголеми увозните царини, што го поттикна оптимизмот на инвеститорите и растот на европските индекси, пишува CNBC.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 21.211,00 поени, францускиот CAC 40 на 7.797,55 поени, британскиот FTSE 100 на 8.559,42 поени, додека московскиот MOEX падна на 2.934,28 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 44.025,81 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, вредноста на Nasdaq индексот се искачи на 19.756,78 поени, додека индексот S&P 500 падна на 6.049,24 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта падна на 75.516 долари, а на нафтата од типот брент на 79.056 долари. Европските фјучерси на гас за февруари се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 50 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2750,79 долари за унца, а на пченицата падна на 5,5642 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,04125, што е за приближно 0,13 отсто помалку од вчера.