Евростат: Инфлацијата во еврозоната во февруари 8,5 отсто, најниска од мај

35

Растот на потрошувачките цени во еврозоната во февруари изнесува 8,5 отсто во однос на истиот месец од претходната година, што е најниска инфлација од мај минатата година, објави денеска Евростат.
Евростат потврди дека инфлацијата во февруари се намалила од 8,6 отсто во јануари на 8,5 отсто.

Цените на енергијата пораснаа со побавно темпо – 13,7 во однос на 18,9 отсто во јануари, додека инфлацијата се зголеми кај храната, алкохолот и тутунот на 15,0 отсто, додека во јануари беше 14,1 отсто.

Раст е забележан и во услужниот сектор – 4,8 отсто наспроти 4,4 отсто во јануари, како и кај индустриските производи 6,8 отсто наспроти 6,7 отсто.

На пример, инфлацијата во Германија порасна од 9,2 во јануари на 9,3 во февруари.

Фото: Pixabay