“Евтиниот“ Pixel 6a доаѓа со помал OLED екран

63

Pixel 6 на Google едвај е еден месец на „штандовите“, но тоа не ги спречува гласините за излегување на пазарот на неговиот „евтин“ роднина.

Се смета дека неодамна протечените слики на Интернет се рендери на дизајнот на Pixel 6a. Тие покажуваат дека моделот ќе изгледа како Pixel 6, вклучувајќи ја лентата со камерата, читачот за отпечатоци и центрираната селфи камера. Но, приклучокот за слушалки изгледа како да е „исчезнат“.

Малку се знае за спецификациите, иако – според извештаите – Pixel 6a ќе биде помал од неговите колеги со 6,2-инчен OLED екран. Се чини дека ќе има двојна камера.

Но, процесорската моќ е доведена во прашање. Иако Google сака да го рекламира сопствениот Tensor чип, не е сигурно дали компанијата ќе создаде евтин Tensor за 6a – или ќе се потпре на чипови од трети страни.

Сепак, изданијата на гаџетите ја уверуваат јавноста дека 6a ќе се појави по долго време, веројатно за неколку месеци, а постои шанса дотогаш да се промени дизајнот.