Facebook издаде печатено списание наречено Grow

22

Фото: Facebook

Facebook издаде квартално печатено списание наречено Grow кое таргетира бизнис лидери и извршни директори, пишува The Drum.

Списанието е дел од новата стратегија таканаречена “мултиплатформска содржина“ којашто вклучува настани на коишто се оди само “по покана“, а истите се одржуваат во САД, Франција, Италија, Германија и Шведска.

Сите содржини на Grow ќе бидат достапни онлајн преку сопствената Facebook страница и блог, a во подготовка е “нов дигитален дом“ за Grow.  Од компанијата велат дека ќе објавуваат содржини преку дигитални платформи како Instagram и Linkedin.

Списанието Grow ќе биде достапно во “одбрани аеродроми и бизнис ложи по железнички станици“ за читатели кои се на поминување.

Grow е всушност маркетинг програма којашто е зачната пред три и пол години како мал настан во англиските села. Нејзина цел е да им се помогне на бизнис лидерите да бидат во тренд со создавање и уредување на модерни содржини и искуства.

Досега Grow издаде стории за тоа како Париз се трансформира во старт-ап хаб, обидите на Diageo во занаетчиство и интервју со Оскар Олсон од H&M, човекот кој е одговорен за нивниот нов бренд за милениалци наречен Nyden.