Facebook од март ќе ја исклучи услугата електронска пошта. Компанијата веќе пристапи кон испраќање на известувања за тоа дека наскоро сите пораки кои ќе бидат испратени до e-mail адресите со домен facebook.com ќе бидат препраќани кон основната адреса, додадена во корисничките сметки.
Оваа функција за препраќање е стандардно вклучена, но може да биде исклучена. Корисниците на Facebook кои немаат дадено своја основна e-mail адреса при регистрацијата, нема да ги добиваат препратените пораки.
Оваа услуга не стана популарна меѓу корисниците на социјалната мрежа, што е и причина истата да биде исклучена.
Услугата беше воведена во ноември 2010 година со цел да ги поедностави комуникациите меѓу корисниците и во еден inbox да можат да бидат собрани Facebook пораки, СМС и традиционалната електоронска пошта.