Facebook ја гаси услугата електронска пошта

49

FB

Facebook од март ќе ја исклучи услугата електронска пошта. Компанијата веќе пристапи кон испраќање на известувања за тоа дека наскоро сите пораки кои ќе бидат испратени до e-mail адресите со домен facebook.com ќе бидат препраќани кон основната адреса, додадена во корисничките сметки.

Оваа функција за препраќање е стандардно вклучена, но може да биде исклучена. Корисниците на Facebook кои немаат дадено своја основна e-mail адреса при регистрацијата, нема да ги добиваат препратените пораки.

Оваа услуга не стана популарна меѓу корисниците на социјалната мрежа, што е и причина истата да биде исклучена.

Услугата беше воведена во ноември 2010 година со цел да ги поедностави комуникациите меѓу корисниците и во еден inbox да можат да бидат собрани Facebook пораки, СМС и традиционалната електоронска пошта.