Facebook ја затвора апликацијата за споделување на фотографии Moments

14

Фото: Pexels

Апликацијата Moments што Facebook за прв пат ја претстави во 2015 година престанува да постои на 25-ти февруари, пишува CNET.  Социјалната мрежа се одлучи на ваков чекот со оглед на тоа што Moments немаше многу корисници.

Преку апликацијата корисниците можеа да споделуваат фотографии зачувани на својот телефон на одбрани пријатели, без да мораат истите да ги прикачуваат на социјалната мрежа.

Оние кои ќе сакаат да си ги зачуваат своите “колекции“ од фотографии ќе можат тоа да го направат преку посебна веб страна каде што ќе имаат опција да ги “складираат“ истите како приватен албум на Facebook или само да ги зачуваат како фајл.