Facebook ќе дозволи логирање преку препознавање на лице

51

eye-1553789_960_720

Фото: Pixabay

Ако профилот на Facebook е блокиран, корисникот ќе може повторно да добие пристап преку скенирање на неговото лице, пишува Tech Crunch. Компанијата моментално тестира начин за безбедно враќање на профилите, користејќи ги лицата на корисниците за верификација на идентитетот.

Овој начин би бил особено корисен ако корисникот не е во можност да направи потврда на идентитет преку СМС или ако изгубил пристап до имејл.

Верификацијата со лице ќе биде достапна само на уреди на коишто корисникот веќе се логирал.

Доколку начинот се покаже корисен и не може да биде злоупотребен од хакери, Facebook ќе го овозможи за многу повеќе корисници. Според компанијата, покажувањето на лицето не би требало да претставува проблем доколку некој сака да си го врати својот блокиран профил.