Facebook ќе купува компанија што произведува соларни дронови?

4

titanПо WhatsApp, Facebook по се изгледа се подготвува за нова аквизиција. Наводно е во преговори за преземање на американска компанија која развива дронови, со цел што побрзо да ја оствари својата замисла, сите луѓе во светот да бидат конектирани на интернет.

Според TechCrunch, Марк Цукерберг е заинтересиран за Titan Aerospace, а се претпоставува дека зделката може да чини преку 60 милиони долари.

Ова и не е многу, ако се знае дека Facebook за Instagram плати една милијарда долари во 2012.

Titan Aerospace развива и произведува суборбитални соларни дронови кои можат да лебдат цели пет години без да се приземјат, а Facebook е подготвен да плати милиони долари за околу 11.000 од овие беспилотни летала.

Facebook сака со користење на дронови да воспостави интернет врска во оние делови на светот кои уште не се покриени, почнувајќи од африканските држави.