Facebook можеби уште следната недела ќе претстави сопствен сервис за вести, кој ќе ги собира најпопуларните вести од интернет и ќе ги презентира на начин кој ќе наликува на популарната мобилна апликација за вести, Flipboard. Вестите од медиумите Facebook ќе ги комбинира со статусите на корисниците на својата социјална мрежа, пишува Re/code.
Новиот сервис на Facebook наводно ќе се вика Paper, но не познато дали се работи за мобилна апликација или веб сервис прилагоден за читање на мобилни уреди.
Од Facebook не ги коментираат гласините.