Facebook ќе остане без 80% корисници до 2017 година

13

FRANCE-INTERNET-COMPANY-STOCKS-FACEBOOKFacebook се рашири како заразна болест, но полека стануваме имуни на неговата привлечност и платформата на големо ќе биде напуштена до 2017, велат научници од Принстон универзитетот, пренесува Гардијан.

Прогнозата е направена со споредување на кривата на раст на епидемии со оние на социјалните мрежи. Научниците тврдат дека, исто како и епидемијата од чума, Facebook на крај ќе изумре.

Оваа социјална мрежа, која на 4 февруари ќе слави 10 години, преживеа подолго од нејзините ривали како Myspace, но прогнозата на Принстон е дека за три години ќе остане без 80% од базата.

Џон Канарела и Џошуа Спехлер велат дека Facebook врвот го имал 2012 година и од тогаш бележи пад.

“Идеите, како и болестите, се шират како зараза меѓу луѓето и потоа изумираат, а можат многу успешно да се опишат со епидемиолошки модели”, велат авторите.